Македонско-австриски бизнис-форум ќе се одржи во Стопанската комора на Северна Македонија на кој фокусот ќе биде ставен на актуелните и планираните капитални инвестиции, транзицијата кон обновливи извори на енергија, модернизацијата на сообраќајната мрежа и можностите за спроведување современи технолошки решенија.
Форумот е во организација на Стопанската комора и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје и претставува платформа за интензивирање на билатералната економска соработка и директно поврзување на угледни австриски компании со надлежните македонски институции и ресорни министерства, како и со македонските деловни субјекти.

