До сабота времето ќе биде стабилно, а во недела се најавуваат повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Пообилни врнежи локално се очекуваат во понедленик, а веќе од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе паднат дневните температури.
Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, слично време со утринска температура до 13 и дневна до 31 степен.

