При изградбата на автопатот Кичево – Охрид кај селото Ботун ќе се применува специјална техника за стабилизација на земјиштето со цел под земја да се создаде цврста конструкција. Ангажирани се три машини кои тежат по 130 тони, а ќе бидат донесени уште вакви машини.
Се влегува во земјата од 7 до 11 ката надолу, се спуштаат арматурни кафези.,Ссекој арматурен кафез тежи по 30 тони железо и тие после тоа се полеваат со бетон. Помеѓу нив има цевки и челични јажиња, кои ги држат едните со другите и практично ние под земјата создаваме една целосна структура која треба да ја држи основата на автопатот. Вакви решенија ќе се направат вкупно 250 на автопатот Охрид – Кичево, од кои 163 се кај Ботун, другите се на преостанатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот, изјави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Станува збор за дел од трасата кој е со исклучително нестабилно земјиште, дополнително оптоварено со присуство на вода, поради што неговата изградба е значително посложена во споредба со другиот дел од автопатот.
Во следните два месеци, според најавите, треба да биде пуштен во употреба и најкомплицираниот дел од автопатот, поточно тунелите кај Пресека.

