На повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија во тек е полициска акција за разбивање на криминална група која шверцувала лекови, медикаменти и суплементи.
Првичните информации на Министерството за внатрешни работи укажуваат дека се приведени шест лица, но се трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените има и вработени во Царинската управа.
При претресите пронајдени се медицински лекови и машина за екстракција на масло.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

