На првиот ден на есента ќе биде ведро и постудено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 16 до 24 степена.
Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Ведрото и свежо време ќе се задржи и утре, а веќе од петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

