Поради дефект на приклучна цевка од 9 часот без вода ќе останат делови од општина Карпош.
„Водовод и канализација“ информира дека без вода ќе бидат улиците Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

