Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија ќе ја одржи завршната 75. сесија којашто претставува заокружување на деветгодишниот циклус на дејствување.
Низ одржаните дебати беа усвоени над 700 препораки кои беа доставени до носителите на одлуки и следени во процесот на нивното спроведување. Учество во овие дебати земаа над 3000 учесници.
Завршната дебата е посветена на Кластерот 1 – Темели со посебен акцент на постигнатите резултати, преостанатите реформски предизвици и улогата на структурираниот дијалог во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и прашањата колку сме блиску до европските стандарди во владеењето на правото, кои безбедносни и антикорупциски предизвици остануваат приоритетни и постои ли расчекор меѓу реформските определби и нивното институционално спроведување.
Најавено е присуство и на министрите за внатрешни работи и за правда Панче Тошковски и Јетон Шасивари и на словачката амбасадорка Ивета Хрицова.

