Руски хеликоптер од типот „Ми-8“ накратко навлезе во полскиот воздушен простор од територијата на Калининград, соопшти Командниот центар на полската Армија.
Во објава на Центарот на социјалните мрежи се наведува дека хеликоптерот престојувал во полскиот воздушен простор 42 секунди и прелетал растојание од приближно 300 метри над територијата на Полска.
Полска соопшти дека веднаш ангажирала борбени авиони за да реагираат доколку е потребно.
„Овој инцидент покажува дека Русија сака повторно да ја тестира подготвеноста на нашата противвоздушна одбрана“, се додава во објавата.
Русија засега не ги коментираше информациите за инцидентот.

