СДСМ бара повлекување на новиот просторен план со кој, како што тврди партијата, ќе се отворат пет нови рудници.
Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке. На овие пет места владата на Христијан Мицкоски планира да ја продава земјата, планира да ја продава Македонија на странски фирми за странски профити, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Филипче порача дека природните ресурси се национално богатство и власта нема право да ги става во функција на приватни интереси и профити.
Не може да ја продаваат земјата којашто е национално богатство, коешто им припаѓа на сите граѓани за нивни и за туѓи финансиски интереси, односно профити. Во последната планска стратегија има места коишто не се означени како рудници, а сега во оваа нова, којашто ќе важи за следните 20 години, точно и јасно пишува каде се планира отворање на нови рудници. Тука е Казандол, тука е Иловица ,и експлицитно пишува не само на овие две места, туку на уште три други. На пет места Владата на Христијан Мицкоски планира да ја продава земјата, планира да ја продава Македонија на странски фирми за странски профити, рече Филипче.

