По повод 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, денес и утре од 12 до 15 часот ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”.
За првпат, средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во заедничка мисија посветена на животните и на поддршката на Скопје ЗОО.
Во рамки на базарот, учениците ќе ги претстават своите креативни производи, ракотворби и изработки, кои посетителите ќе можат да ги купат, а собраните средства ќе бидат наменети за животните во Зоолошката градина.
Настанот има за цел да ја поттикне креативноста кај младите, но и да ја зајакне емпатијата, одговорноста и грижата кон животните.

