Променливото облачно време ќе се задржи и денес. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 15 до 21 степен.
Во Скопј, во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Веќе од недела па до крајот на следнава работна седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

