Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли понудата на Иран за седумдневен прекин на огнот за отворање на Ормутскиот теснец и продолжување на разговорите за неговата нуклеарна програма доколку Вашингтон ја прекине блокадата на пристаништата, објави „Волстрит џурнал“.
Американските претставници изјавија дека Трамп не ги прифатил условите бидејќи се сомневал дека Техеран ќе ги исполни, а блокадата предизвикала сериозна штета на економијата на режимот на ајатоласите .
Се очекува тој да ги продолжи воените воздушни напади по среднорочните избори во ноември.
Конечните одлуки ќе зависат од политичките случувања и достапните воени ресурси.

