ЈСП Скопје, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) почнува со воведување на дигитална студентска превозна картичка за бесплатниот јавен превоз.
Содржина
- Картичката ќе може да ја користат студентите од државните универзитети во Скопје вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје.
- Студентите ќе добијат упатства на својата e-mail адреса и преку мобилната апликација SkopjeBus ќе можат да ја активираат и користат својата дигитална превозна картичка. При најавувањето во апликацијата, потребно е да го користат истиот e-mail што го користеле при регистрацијата на универзитетот, појаснуваат од ЈСП.
Картичката ќе може да ја користат студентите од државните универзитети во Скопје вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје.
Процесот ќе се одвива дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП Скопје и универзитетите, поради што нема потреба од доставување хартиени потврди или посета на билетарите за заверка на студентскиот статус.
Студентите ќе добијат упатства на својата e-mail адреса и преку мобилната апликација SkopjeBus ќе можат да ја активираат и користат својата дигитална превозна картичка. При најавувањето во апликацијата, потребно е да го користат истиот e-mail што го користеле при регистрацијата на универзитетот, појаснуваат од ЈСП.
Картичката ќе биде достапна во апликацијата со QR-код, кој ќе се користи за валидација при патување.
За начинот на активирање и користење, студентите ќе бидат навремено информирани.

