Најмалку едно лице загина откако силна бура собори дрво во Њујорк, соопштија локалните власти, цитирани од Си-Ен-Ен.
Бурата го опустоши источниот брег на Соединетите Американски Држави, а брзината на ветерот достигна над 110 км/ч.
Според најновите информации, над 95.000 домаќинства во областа останале без електрична енергија . Повеќе од 2.000 летови биле одложени, а над 430 откажани.
За денеска се очекуваат конечни информации од штетата од невремето

