Вонредните парламентарни избори претставуваат еден од најзначајните политички тестови за Србија во последните неколку години со неизвесен исход. Тие се одржуваат во услови на длабока политичка поларизација и двогодишни студентски протести.
Вучиќ вo недела подне оставка на функцијата претседател за да биде кандидат за премиер на Српската напредна партија која заедно со Радикалите на Шешељ на парламентарните избори за месец дена настапува под името „Александар Вучиќ – Единствена Србија“.
Дачиќ со Социјалистичката партија оди самостојно на изборите со порака дека ќе колицира со СНС „по нивната изборната победа“.
Според рејтингот единствените што можат значително да влијаат на изборниот резултат е Студентското движење, кое стана политички фактор со Студенткската листа предвоена од професорот кардиолог Илија Срдановиќ, подржана од голем број опозициски партии (ДС, ЗЛФ, НС, поранешниот претседател Тадиќ, Чанак со ЛСВ, Екологистите..) и невладини организации.
Останатите опозициски партии или се повлекоа од изборната трка давајќи подршка на Студентската листа или одат самостојно во две колони-Ѓилас (ССП) и Понош (Срце) како проевропска коалиција и десницата со Милош Јовановиќ (ДСС), со некакви шански да го преминат изборниот цензус и да коалицираат со Студенстската листа.
Суштинско прашање на овие избори не е само кој ќе го освои мнозинството во собранието, туку и дали изборниот процес ќе овозможи нов политички легитимитет и ќе ги намали длабоките поделби во Србија.
-Изборите како прв чекор не можат да решат ниту еден од големите проблеми, но можат да создадат предуслови за решавање на тие проблеми, а еден од нив е и таа длабока поделеност во општеството, оцени новинарот Ѓорѓе Влајиќ, уредник во ФоНет.
Според него постојат неколку работи кои битно ќе го определат резултатот од изборите, а тоа е, пред сè, изборната атмосфера во кампањата.
-Уште сега се гледа дека таа е многу валкана и дека има многу лични напади, подметнувања и медиумски валканици на режимот кои веќе, би рекол, ги сатанизираат оние кои се нивни политички противници и политички конкуренти на изборите. Ако го погледнеме досегашното искуство од изборите, имаме сериозна загриженсот да постои можност за одредено насилство во изборната кампања, на самите избори и ноќта по изборите, што може многу силно да ги обескопои граѓаните и да ги вознемири. Од друга страна, претпоставувам дека изборите, доколку дојде до промена на власта, би можеле да постават основа за заздравување на општеството, пред сè кога е во прашање функционирањето на институциите и воспоставувањето на еден нов демократски систем на вредности… и како прв чекор во нешто што веројатно ќе трае со генерации – да се направи општество во Србија кое почива врз демократски основи.
Во Србија според аналитичарите, за власта не е доволно само да освои мнозинство мандати. Потребно е и да обезбеди инклузивен и транспарентен изборен процес, чиј резултат ќе биде прифатен од политичките актери кои губат и од ЕУ.
За студентското движење кое не е организирано како класична политичка партија со идеолошки хетероген спектар (од крајна левица до десничаски ставови), најголемиот предизвик ќе биде претворањето на силната социјална мобилизација во политички резултат, а воедно да се зачува сопствениот кредибилитет и непартискиот карактер.
Затоа овие избори претставуваат еден од најзначајните политички тестови за српските граѓани во последните неколку години со најнеизвесен исход од почетоткот на повеќепартискиот систем во Србија.
О.Б

