Пет мажи се уапсени под сомнение за планирање терористички напад и за кривични дела поврзани со експлозиви, откако биле пријавени три сомнителни возила во близина на базата на РАФ Ферфорд во Глостершир, која ја користи Военото воздухопловство на САД (USAF), соопшти денеска полицијата.
По инцидентот, пријавен околу 00:45 часот во неделата, беше прогласена вонредна состојба, а десетици жители од блиското село Велфорд беа евакуирани од своите домови, објави Би-Би-Си.
Тим за отстранување експлозивни направи ги прегледа возилата, а истрагата ја води полициската единица за борба против тероризмот.
Полицијата наведе дека истрагата е во почетна фаза, но дека сметаат оти ситуацијата е под контрола.
Околу областа беше поставен кордон во радиус од 400 метри, а на евакуираните жители им беше соопштено дека нема да можат да се вратат дома во текот на ноќта.
Петтемина мажи првично беа уапсени под сомнение за прекршоци според Законот за експлозиви, а потоа повторно уапсени под сомнение за планирање терористички напад.
Сите остануваат во притвор.
Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека е во контакт со својот американски колега Пит Хегсет, додека Военото воздухопловство на САД соопшти дека неговиот персонал останува во состојба на готовност. Во меѓувреме, Министерството за одбрана на САД го подигна нивото на закана во базата на РАФ Лакенхит во Сафолк на втората највисока категорија.
Пет лица уапсени под сомнение за планирање терористички напад во близина на базата на РАФ Ферфорд

