Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).
Земјотресот се случи во саботата во 22:55 часот по Гринич (GMT), а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
Според прелиминарните податоци на GFZ, епицентарот се наоѓал на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Индонезија

