Закана за бомба го принуди безбедното слетување на патнички авион на авиокомпанијата „Аџет“ што леташе од Анкара до Шанлиурфа во понеделник вечерта.
Ова се случило откако на авионот било откриено известување со предупредување за присуство на експлозиви, изјави гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Силдак, пренесува „Турки тудеј“.
Во авионот имало 136 патници и седум членови на екипажот .
По слетувањето, властите објавија дека се преземени сите потребни мерки за безбедна евакуација на патниците и екипажот, а нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво.
За време на увидот не е пронајден експлозив .

