Центарот за управување со кризи утрово информира дека до 07:30 часот на територија на државата активни се четири пожари, а два се под контрола. Регистрирани се вкупно 33 пожари.
Активни се пожарите кај селото Јаболчиште во општина Чашка, кај селото Стрима во општина Липково, кај селото Дрен во општина Прилеп и кај селото Горно Косоврасти во општина Дебар.

