Американскиот претседател Доналд Трамп беше постојано прекинуван од демонстрантите за време на митингот во Сан Антонио.
Ова го објави АП.
Најмалку 12 демонстранти го прекинаа говорот на претседателот, а некои од нив беа отстранети од полицијата.
Во Сан Антонио, Трамп се обиде да ги мобилизира гласачите од Тексас да застанат зад републиканскиот кандидат за Сенат, Кен Пакстон.
Митингот во Фримен Колисеумот беше организиран во поддршка на Пакстон, кој се кандидира против демократот Џејмс Таларико.
Трката е невообичаено тесна за Тексас, каде што републиканците доминираат на изборите низ целата држава, а Трамп победи со речиси 14% во 2024 година. Јавните анкети во последните недели покажуваат мала предност за демократот Таларико.
Предвременото гласање во Тексас започнува на 19 октомври, а изборите за Сенат се закажани за 3 ноември. Гласањето ќе одреди дали републиканците ќе го задржат местото или демократите ќе го освојат сенаторското место во државата.

