Крајната лева сообраќајна лента на мостот „Близнак“ во насока на движење кон Аеродром, ќе биде затворена за сообраќај утрово од 6 до 8 часот, поради санација на оштетената заштитна пешачка ограда, соопшти скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“,
„Ве известуваме дека на 11.10.2026г.(недела) екипа на ЈП „Улици и патишта“- Скопје, на потегот долж булевар„Киро Глигоров“ преку мостот „Близнак“, од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ (во насока на движење кон населба Аеродром), во период од 6:00 часот до 8:00часот наутро, ќе реализира активности за санација на оштетената заштитна пешачка ограда на мостот, односно замена и монтажа на оштетените оградни елементи на мостот“, информира ЈП „Улици и патишта“.
Се апелира до учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи до завршување на работните активности и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

