За денешниот празничен ден синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а дневната ќе биде пониска и ќе се движи во интервал од 17 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде исто така променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 km/h.
Веќе од вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

