.
ЖЕНА (77) почина завчеравечер откако беше нападната од рој стршлени во дворот на нејзината куќа во населбата Стојник, околу 35 километри јужно од Белград, јавува Telegraf.rs .
Според првичните информации, рој стршлени ја нападнале жената и ѝ нанеле неколку убоди по главата. Веднаш по нападот, таа се струполила и останала неподвижна.
На местото на настанот брзо пристигнала екипа за итни случаи од блискиот Здравствен дом. Лекарите се обиделе со реанимација, но без успех, па на крајот можеле само да констатираат смрт.
Телото е пренесено во Институтот за судска медицина, каде што обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта. Во тек е истрага за разјаснување на сите околности на несреќата.

