Германската полиција покрена истрага откако робот допирал 16-годишно девојче за задникот во ресторан во градот Келн, а целиот случај во живо на социјалните мрежи го пренесувале двајца тинејџерти на возраст од 16 и 19 години.
Како што јавија германските медиуми, инцидентот се случил викендов во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, кога девојчето било во ресторан за брза храна со две пријателки. Некаде околу полноќ на девојчето од зади и пришол робот висок приближно 120 сантиметри.
„Роботот го допрел задникот на 16-годишното девојче и правел движења на туркање кон нејзиниот заден дел“, соопшти полицијата.
Казна затвор до 2 години
Полициските службеници пдоцна го пронашле црвено-златниот робот во багажникот на еден автомобил.
Со истрагата се опфатени двајцата млади луѓе поврзани со инцидентот – 16-годишниот сопственик на роботот и неговиот 19-годишен пријател.
„Полицијата истражува како роботот функционирал во моментот на инцидентот и дали некој намерно ги насочувал неговите движења“, се наведува во полициското соопштение.
Роботот бил одземен, заедно со два мобилни телефони што им припаѓале на осомничените.
Против нив се води истрага под обвинение за „навреда од сексуална природа“, дело за кое е предвидена казна до две години затвор.

