Времено денес без струја ќе бидат делови од општините Аеродром и Чучер Сандево.
Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 09.00 до 14.00 часот без електрична енергија ќе биде дел од главната улица Тодор Чангов 28 и дел од ул.Данка Фирфова во населбата Лисиче.
Во периодот од 09.30 до 13.00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Глуво- Бразда во општина Чучер Сандево, а во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од викенд населбата Побожје во близина на црквата Пресвета Богородица, исто така во општина Чучер Сандево.

