Студентската листа „Студентите победуваат“ најави завршен предизборен митинг во Белград в четврток, на 22 октомври, под мотото „Победата повикува“, објавија студентите на социјалната мрежа Икс.
Митингот е закажан за 18 часот на плоштадот Славија во Белград.
Во најавата студентите предупредуваат дека во последната недела од предизборната кампања очекуваат, како што наведуваат, дезинформации и засилени притисоци врз учесниците во протестите.
Тие тврдат дека во изминатите две години провладината телевизија „Информер“, други медиуми блиски до власта и државното раководство ги претставувале како насилници, криминалци и непријатели на сопствената држава.
Студентите наведуваат дека нивните состаноци и активности се во согласност со законот и дека немаат што да кријат.
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври. До нивното распишување дошло по барањата на студентите, кои предводеа масовни антивладини протести по трагедијата во Нови Сад, кога на 1 ноември 2024 година се урна настрешница на железничката станица, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.
Студентите првпат ќе учествуваат во изборниот процес, но нема директно да настапат како политичка листа, туку ќе поддржат граѓанска листа.

