Руските сили погодија три товарни бродови во украинското пристаниште Рени, соопшти денеска Министерство за одбрана на Русија.
Пристаништето Рени се наоѓа на украинскиот брег на реката Дунав, во близина на границата со Романија, и од него има пристап до Црното Море.
Според Русија, бродовите превезувале стока што вклучувала и воени материјали и прозводи со „двојна намена“.
Производи со двојна намена претставува предмети или товар што можат да бидат наменети како за потребите на воениот персонал, така и за цивилното население.
Во соопштението на руското Министерство се додава и дека била ракетирана и пристанишната инфраструктура во Рени, како и дека бил погоден и товарен брод што се движел кон украинското пристаниште Одеса.
Од почетокот на октомври, товарните бродови во Црното Море се постојано мета на напади со дронови. Некои од овие бродови воопшто и не патуваа кон Украина.

Иако Русија не беше директно посочена за претходните напади врз бродовите во Црното Море, сепак пораките на засегантите страни индиректно вината ја префрлија на Москва. Ваквите напади се оценуваат како стратегија на Русија за „економско задушување“ на Украина.
Руски напади врз енергетски постројки во Одеса
Во меѓу време, Украина соопшти дека Русија синоќа повторно извршила напади врз енергетски објекти. Овај пат цели на руските напади биле три енергетски постројки во јужниот пристаништен град Одеса на Црното Море.
Поради нападите 32.700 домаќинства во регионот сè уште се без напојување со електрична енергија.
Властите во Киев, претходно, соопштија дека три лица загинале кога руски дрон паднал во близина на автопатот што води од Киев кон Одеса. При инцидентот се повредени уште четири лица се повредени, а неколку автомобили се запалиле.

