Четбот со вештачка интелигенција на „СпејсИкс“ на Илон Маск, Грок, добил задача да ја отстрани најпознатата личност од една фотографијата на осум светски познати личности.
На фотографијата биле јутјуберот Мистер Бист, американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, папата Лав Четиринаесетти, покојната поп ѕвезда Мајкл Џексон, нигерискиот милијардер Алико Данготе и фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

По добиената наредба, Грок од фотографијата го отстранил Роналдо со следново образложение: „Остранет е Кристијано Роналдо. Според најновата ранг листа на светска популарност, тој е на самиот врв меѓу луѓето на фотографијата“.
Дали е Грок во право?
Иако Грок го избра Роналдо, тешко е да се одреди која е најпознатата личност на светот. Популарноста може да се мери на различни начини, од бројот на следбеници на социјалните мрежи до тоа колку луѓе ширум светот препознаваат нечие име или лице.
Роналдо е еден од најследените луѓе на социјалните мрежи, со повеќе од милијарда следбеници вкупно на различни платформи. Неговата популарност оди подалеку од фудбалот, а особено е препознатлив кај помладите генерации.

Од друга страна, Мајкл Џексон стекна светска слава многу пред појавата на социјалните мрежи. Неговата музика одбележа децении, а препознатлив е и меѓу генерациите кои пораснале пред интернетот. Токму затоа многумина веруваат дека Џексон би можел да биде најпознатата личност од фотографијата.
Доналд Трамп е исто така меѓу најпрепознатливите луѓе во светот. Како актуелен американски претседател речиси секојдневно е присутен во светските медиуми, а неговите политички одлуки имаат меѓународно влијание.

Лионел Меси, кој го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина, исто така ужива огромна популарност благодарение на фудбалот, еден од најследените спортови во светот.
Што е со другите на фотографијата?
Илон Маск стана светски познат благодарение на компаниите „Тесла“ и „СепјсИкс“, а дополнително внимание привлече со преземањето на социјалната мрежа Твитер, денес позната како Икс.

Мистер Бист еден од најпопуларните јутјубери во светот, кој особено е популарен меѓу децата и младите. Неговите видеа се достапни на многу јазици, што му помогна да привлече светска публика.
Папата Лав е препознатлив како поглавар на Католичката црква која има околу 1,4 милијарди верници. Сепак, бројот на католиците не може да се поистоветува со бројот на луѓе кои го препознаваат папата.

Алико Данготе, еден од најбогатите луѓе во Африка, е познат по неговите деловни потфати, особено во цементната и нафтената индустрија. Иако е многу влијателен на африканскиот континент, во остатокот од светот е помалку препознатлив од другите луѓе на фотографијата.
Зошто Грок го избра Роналдо?
Една од можните причини зошто изборот на Грок е токму Роналдо, е неговата огромна популарност на социјалните мрежи. Роналдо има публика низ целиот свет, а фудбалот му овозможува да допре до луѓе од различни генерации и култури.

Сепак, бројот на следбеници не е ист како и глобалното признавање. Мајкл Џексон стана светска ѕвезда во време кога телевизијата и радиото играа многу поголема улога во обликувањето на популарната култура. Неговата музика ја слушале милиони луѓе, без разлика дали следат фудбал, политика или технологија.
Истото важи и за Трамп, чие име им е познато дури и на луѓето кои не следат спорт или забавна индустрија.
Изборот на Грок затоа не е конечен одговор на прашањето која е најпознатата личност на светот, туку проценка која зависи од тоа како се мери популарноста.

