Граѓаните во Македонија во септември годинава купувале значително повеќе храна, пијалаци и гориво отколку во истиот месец лани, додека продажбата на непрехранбени производи забележува пад. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека прометот во продавниците за храна пораснал за 24,1 процент, а кај бензинските пумпи за дури 38,7 проценти, и сето тоа најмногу поради повискоите цени, но секако фокусот на потрошувачката е таму.
Според истиот извор, во трговијата на мало има значителни разлики во потрошувачката . Додека расте продажбата на храна и гориво, трговците со непрехранбени производи бележат намалување на прометот.
Продавниците за храна и бензинските со раст на прометот од 24 проценти
Според Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2026 година номинално се зголемил за 24,1 процент во споредба со септември 2025 година. Но, кога ќе се исклучи влијанието на цените, реалниот раст изнесува 19,4 проценти.
Уште поголема разлика меѓу номиналниот и реалниот раст е забележана кај трговијата со бензините.
Во септември прометот на бензинските пумпи бил номинално поголем за 38,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Но, реалниот раст изнесува 12 проценти.
Сосема поинаква е состојбата во продавниците што продаваат непрехранбени производи, а во оваа група спаѓаат различни производи, како облека, обувки, мебел, апарати за домаќинство и други стоки. ТАму се бележи пад и веројатно се врзува со приоритетите кои ги одредуваат малите плати на граѓаните .

