Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави дека на луѓето им е преку глава од животот под републиканците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и дека се подготвени за нешто поинакво.
Тој го напиша ова на социјалната мрежа X, во контекст на изборите на средината на мандатот што денеска се одржуваат во САД.
„Низ целата земја слушам луѓе на кои им е преку глава од она што моментално го гледаат од политичарите. На овој изборен ден, имаме моќ да гласаме за кандидати кои ќе ги донесат промените што ни се потребни“, напиша Обама.
Денеска во САД се одржуваат избори на средината на мандатот, на кои се избираат сите членови на Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 сенатори. Се очекува резултатите да покажат дали републиканците на претседателот Доналд Трамп ќе ја задржат контролата врз Конгресот или пак демократите ќе ја преземат.
Обама: На Американците им е преку глава – копнеат за промени

