Во сабота во „ПАН студио“ од 12 до 15:45 часот под менторство на Ѓорѓе Јовановиќ ќе бидат одржани работилници за колаж и сликање.
За учество на работилниците може да се пријави секој и не е потребно претходно искуство, а секоја сабота, ПАН Студио станува простор за креативно експериментирање, истражување и слободно изразување преку колаж и сликање.
Материјалите се обезбедени, а ќе бидат комбинирани фотографии, исечоци, бои и различни материјали, ќе се истражуваат форми, текстури и композиции со цел да се создадат сопствени визуелни приказни.
Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2003 година. Неговата уметничка практика се развива низ експериментални и интердисциплинарни пристапи, поврзувајќи цртеж, слика, скулптура, објект, инсталација, видео, перформанс и јавна интервенција. Во своето творештво ги истражува односите меѓу поединецот и општеството, современото живеење, идентитетот и колективната меморија, често користејќи хумор, иронија и апсурд како средства за критичко читање на современата стварност.

