Утре, на 12 ноември (четврток) во Креативниот центар „Сончогледи“, Т.Ц.Олимпико, населба Тафталиџе, во 18 часот, ќе биде одржана работилница за деца и млади од 6 години и повеќе, симболично насловена како „Од слика до предмет, од боја до форма – уште една приказна што ќе ја оживееме заедно!“. На новата креативна работилница од циклусот „Приказни што оживуваат“ ќе навлеземе во светот на еден од најпрепознатливите сликари во историјата на уметноста, Винсент Ван Гог.
Овојпат ќе твориме со полимерна глина! Инспирирани од „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и препознатливиот уметнички свет на Ван Гог, ќе моделираме, обликуваме и создаваме сопствени мали тридимензионални уметнички дела. Ќе ги откриваме неговите дела, ќе раскажуваме приказни и преку глума и пантомима ќе ги оживуваме ликовите, предметите и движењата од неговите слики. Учествопто е бесплатно, пријавувањето може да се направи или во порака или на телефонскиот број 070-748-288, а материјалите за работа се веќе обезбедени, рекоа од КЦ „Сончогледи“.
Работилницата е дел од проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, финансиски поддржан од Град Скопје.


