Во рамки на 51-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Млад Отворен Фестивал 2026“, што традиционално се реализира во Младинскиот културен центар-Скопје, од 18 – 24 ноември ќе бидат одиграни 12 претстави од земјава и странство.
Првата фестивалска вечер на 18.11 (среда), ќе ја одбележат две тетарски претстави: „Кратки Приказни“ на Театарот Антон Подбевшек од Словенија и „Последниот час по клавир“ на Театар 071/Перипетија, копродукциски проект на Босна и Херцеговина и Македонија.
На 19ти ноември (четврток) во рамки на МОТ ќе биде одиграна претставата „Кокошка“ на Театар „Вортекс и Театар Комедија, во режија на Теодора Силјаноска, додека пак на 20ти во петок на програмата на ова издание на фестивалот се поместени уште две претстави. Едната е театарската претстава „Манифест“ на Словенското младинско гледалишче и Театарот Глеј од Словенија во режија на Тања Першук, а другата е „Три жени“ од Република Србија, што претставува концепт на Ирена Поповиќ Драговиќ, Кала Драговиќ и Катарина Ранковиќ.
Во рамки на четвртата фестивалска вечер ќе бидат одржани уште две претстави и еден концерт што ќе ја збогати фестивалската програма. Концертот на Arbëreshë ќе биде одржан на 21ви ноември (сабота) во 22 часот, копродукциски проект на Косово и Швајцарија, а е поддржан од програмата на #Liveurope. Liveurope е првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти.
На 21.11.2026, во продукција на театар од Хрватска, ќе биде одиграна претставата „Закопани чуда“ и „Смртен исход од атлетски повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина. Следната вечер на 22 ноември во салата Фросина во МКЦ, ќе биде одиграна претставата „Свињи“ од Томислав Зајец, во продукција на Театар „Златен Елец“ и Центарот за култура Битола, а во режија на Тамара Стојаноска.
На шестата фестивалска вечер (23.11.2026 понеделник) ќе биде одиграна претставата „Надевај се на најдоброто, подготви се за најлошото, во македонска продукција, а на репертоарот за последниот фестивалски ден се закажани уште две претстави “Мојот маж“ на Театарот „Процес“ од Грција и „Ана-недопирливата“ на Арт центар Оренда и Топлоцентрала од Бугарија.
51. МОТ ќе се одржува во салите во МКС, ќе трае до 24ти ноември 2026 година (вторник), а претставите ќе се играат во два термина од 20 и 22 часот.

