Четворица турски државјани со привремен престој во Штип заработија кривична пријава за сторени кривични дела „изнуда“ во обид и „предизвикување општа опасност“. Со кривичната пријава опфатени се К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Турција.
Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата.
Најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале и со семејството, но откако одбил да плати, ја намалиле сумата на 40.000 евра. Откако ги одбил и за овааа сума, го поттикнале четвртопријавениот Р.Б., на 17.11.2026 на паркинг простор на ул.„Страшо Пинџур“ во Штип да го запали возилото на сопругата на Џ.О.

