Пратениците ќе работат и денес по амандманите на Предлог-буџетот за 2027 година. Седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет е закажана во 10:30 часот.
Вчера, на првиот ден од амандманската расправа не беа прифатени амандмани поднесени од опозицијата коишто се однесуваа на финансиски средства за електронско следење на насилниците и систем за предупредување на жртвите, за модернизација на собранискиот канал, за набавка на систем за GPS уреди за следење на службените возила, за противпожарните служби и.т.н.
За Предлог-буџетот за 2027 година поднесени се над 300 амандмани.

