Јасно е кога законот не важи за сите подеднакво, дека ќе се накотат насилници кои ќе тепаат, малтретираат, навредуваат. ќе се изживуаат врз секого ,затоа што знаат дека ќе бидат заштитени од нивните блиски- партијата и и пријателите.
Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади договорија конкретни мерки за побрзо и координирано постапување во случаите на семејно насилство, со цел навремена заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите.
Мерките се утврдени на работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министрите за внатрешни работи и социјална политика, демографија и млади, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, одржан денеска во Јавното обвинителство.
Според договорениот протокол, МВР веднаш по приемот на пријава за семејно насилство ќе го известува надлежното јавно обвинителство. Обвинителот ќе ја координира работата на тим составен од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа, кои ќе треба навремено и усогласено да постапуваат.
Предвидено е итно обезбедување вештачење за утврдување на евентуалните повреди, процена на ризикот и прибирање на потребните докази. Целта е да се овозможи побрзо донесување обвинителска одлука и преземање дејствија за кривично гонење.
Трите институции ќе определат и лица за контакт кои постојано ќе бидат достапни за меѓусебна комуникација, координација и давање итни насоки. Постапувањето ќе се одвива според стандардизирани процедури, со јасно утврдени надлежности и одговорности.
Од институциите велат дека мерките се договорени во услови на загрижувачки трендови кај кривичните дела поврзани со семејното насилство и дека со нив се очекува побрза реакција, навремена заштита и згрижување на жртвите, како и поефикасно процесирање на сторителите.
„Семејното насилство не е приватна работа. Тоа е сериозен проблем на кој државата мора да одговори одлучно, координирано и без одлагање. Наш приоритет е да ги заштитиме жртвите, да спречиме повторување на насилството и да обезбедиме сторителите навремено да бидат изведени пред лицето на правдата. Ниту една пријава не смее да биде потценета. Ниту една жртва не смее да биде оставена сама“,напиша Тошковски.
Барањата за поефикасна институционална заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство беа во фокусот и на протестот што се одржа пред Владата, во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“.
Учесничките преку транспаренти со пораките „Мал престап жени убива, брат“ и „Кој ви даде право да нè убивате“, како и со извици „Сите за една, една за сите“ и „Жени, живот, слобода“, побараа правда и одговорност од институциите.
Порачаа дека нема да престанат да бараат заштита за жените и санкционирање на насилството.
Постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија, предупредува дека родово базираното насилство во земјава прераснува во национална вонредна состојба.
Во авторска колумна таа посочува дека бројот на пријавени случаи годинава е зголемен за 70 отсто, оценувајќи дека е неопходен итен и координиран институционален одговор.
Осврнувајќи се на неодамнешниот фемицид во Богданци и на претходните случаи, Колумбија нагласува дека сè поголемата подготвеност на жените и девојчињата да проговорат за насилството мора да биде проследена со конкретна реакција на институциите, а не со игнорирање на предупредувањата и заштитни мерки што остануваат само на хартија.
Токму во тоој контекст реагира и експертската јавност, едно е правење сиситем за решавање, ко во случајот тим, сосем друга е сликата во реалноста.Неефикасноста на институциите кои имаа законска обврскса да постпауваат, ингеренции да се вклучат, ги одбегниваат обврските попречени од партиските власти и локалните моќници.
Јасно е кога законот не важи за сите подеднакво, дека ќе се накотат насилници кои ќе тепаат, малтретираат, навредуваат. ќе се изживуаат врз секого ,затоа што знаат дека ќе бидат заштитени од нивните блиски- партијата и и пријателите. Но да дадеме шанса за уште една системски обид , овојпат на клучните што го прават ( НЕ) ЕФИКАСЕН системот.

