Вчера вечерта, во НУЦК „Бели Мугри“-Кочани, за сите посетители што сакаат приказни поврзани со македонската современа музика, особено онаа што во својата база го има рокот, во организација на Тошо Филиповски и Центарот, беше отворена мултимедијалната поставка „Македонска рок меморија 1963-2026“.Во просторот во Домот на културата во Кочани, беа изложени музички артефакти поврзани со македонската современа и рок музика, а кои датираат од изминатите 63 години.

Во рамките на оваа изложба за прв пат беше споменат и проектот „Македонска музичка архива“, што резултираше со веб-базиран систем преку кој од една страна истражувачите на македонската музика ќе може да евидентираат податоци и информации од нивното истражување, од друга страна јавноста ќе може да има пристап на информации од овие истражувања поврзани со македонската современа музика. Најголемата изложба на артефакти од Македонската музичка историја…досега поставена во Македонија. Повеќе од 2.000 експонати,на повеќе од 2000м2 денеска беа презентирани во НУЦК Бели Мугри – Кочани. Изложбата е затворена. Архивот продолжува да се полни, до некое следно видување. Да го сочуваме современото македонско музичко наследство, вели Филиповски.




