Милош Ѓуричковиќ, кого безбедносни служби во Црна Гора го поврзуваа со Шкаљарскиот криминалниот клан, е убиен утрово во местото Бајице во близна Цетиње, соопшти црногорската полициска управа.
Ѓуричковиќ со години и е познат на црногорската полиција и правосудство. Медиумите го опишуваат како наводен водач на цетинскиот огранок на Шкаљарскиот клан, една од криминалните организации поврзани со долгогодишните конфликти во Црна Гора.
На 22 септември годинава 56-годишниот Ѓуричковиќ беше ослободен од обвиненијата дека заедно со уште двајца мажи организирале криминална група, која наводно планирала да шверцува дрога вредна околу пет милиони евра.
Вишиот суд во Подгорица тогаш заклучи дека изведените докази не ги потврдуваат обвинувањата на Специјалното јавно обвинителство.
Ѓуричковиќ и неговите соработници беа обвинети дека основале криминална организација во 2017 година, чии цели вклучувале трговија со дрога, нелегално поседување оружје и извршување тешки кривични дела.
Црногорските медиуми со години го поврзуваа Ѓуричковиќ со Шкаљарскиот клан. Неговото име беше споменато и во истрагата за убиството на Шќепан Рогановиќ во Херцег Нови во 2020 година. Тогаш истражителите се сомневаа дека тој му помагал на сторителот по убиството, што Ѓуричковиќ го оспори.

