Во рација против дистрибуција на видеа со злоупотреба на деца, германската полиција ги претресе становите на 13 осомничени, вклучувајќи четири деца на возраст меѓу 11 и 14 години.
Портпаролот на полицијата не сакаше да каже за што се осомничени трите момчиња и едното девојче. Се случува децата да испраќаат материјал за кој не знаат дека е забранет.
При претресите на станови во окрузите Алтетинг и Милдорф ам Ин, полицијата конфискувала компјутери, мобилни телефони и мемориски уреди, кои ги испратила на форензичка анализа.
Возрасните осомничени се под 56 години. Никој не е веднаш приведен, а децата во секој случај се премногу млади за да бидат кривично одговорни.

