Цената на суровата нафта на светските берзи продолжи да паѓа и попладнево и покрај континуираното насилство на Блискиот Исток и нападите врз бродови во Ормуцкиот теснец.
Цената на барел сурова нафта од типот „Брент“ падна под 90 долари и моментално се движи околу 89,90 долари, што е заречиси три проценти помалку споредено со вчера.
Барел американска нафта ВТИ сега се движи околу 80,90 долари за барел или за над три отсто помалку од вчера.
Ова се најниските цени на овие два типа нафта во последниве три месеци.
Падот следи по сигналите дека пазарот на нафта може да биде добро снабден, делумно поради повторното отворање на нафтоводот Шарара во Либија.
Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), глобалната понуда на нафта ја надминува побарувачката за прв пат од почетокот на војната против Иран.

