Врнежите што од попладнето ги зафатија особено западните делови од државата ќе се задржат до крајот на денот, а во текот на ноќта ќе биде пооблачно. Во останатите делови од државата ќе има постепено намалување на облачноста, а во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта.
Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

