Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во овој момент ги одби барањата на Украина за прием во трансатлантската алијанса.
Говорејќи на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин, тој изјави дека, иако постои можност Украина во иднина да стане дел од Алијансата, земјите-членки на НАТО во моментов немаат усогласен став по ова прашање, пренесе порталот „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung).
„Само НАТО одлучува кој може да стане членка“, рече Руте.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се заложи за прием на неговата земја во НАТО.
Тој тврдеше дека тоа би претставувало подобро решение за европската безбедност отколку безбедносните гаранции кои само наликуваат на клаузулата за заемна помош, содржана во Членот 5 од Договорот за НАТО.
Русија се противи на влезот на Украина во НАТО; иако одбранбената алијанса начелно одлучи дека Украина треба да стане членка, Соединетите Држави во последните години се спротивставуваат на тоа.
Rute: Vo momentov nema konsenzus za pristap
Руте: Во моментов нема консензус за пристапување на Украина во НАТО

