Само 19,6 проценти од извршните раководни позиции им припаѓаат на жените или само на 802 директорски места се седнати жени. Поголема застапеност на жените има во надзорните структури или процентуално околу 29,1 проценти.
Студијата „Жени во управните одбори во Северна Македонија: Унапредување на родовата еднаквост во корпоративното одлучување“, открива дека во 7 од 10 компании нема ниту една жена на директорска позиција, а дури 250.000 работоспособни жени воопшто не се вклучени на пазарот на труд.
Студијата што денес беше презентирана опфаќа 2.075 средни и големи компании, 3.680 директорски позиции, 85 компании што котираат на берзата, како и 193 менаџери и сопственици на фирми.
Во просек, само едно од пет столчиња на раководната маса го зазема жена. Во седум од 10 компании воопшто нема жена на директорска позиција, оопшти Џина Поповиќ, директорка на „Жени во корпоративното лидерство во Северна Македонија“ (WOBA), презентирајќи ги резултатите од истражувањето.
Од WOBA велат дека потребни се транспарентни процеси за избор, јасни критериуми и корпоративна култура што ќе овозможи еднакви можности за професионално напредување и на мажите и на жените, а не само исполнување на формални квоти.

