Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет сè уште нема одобрено испорака на 60 пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ за Киев, вклучително и оние од европските залихи, објави денеска „Фајненшел тајмс“ (FT), повикувајќи се на три извори запознаени со случајот.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите за тоа дека САД го одложуваат испраќањето на ракетите во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека е од клучно значење САД да го одобрат трансферот на ракетите „Патриот“ – за кои партнерите веќе платиле во рамките на иницијативата PURL.
„Исто така, важно е да се продолжи со придонесите за програмата PURL, која е наш главен извор на противбалистичка одбрана“, нагласи Зеленски.
ФТ: Хегсет сè уште нема одобрено испорака на 60 пресретнувачи за системот „Патриот“ за Украина

