Безбедносно-информативната агенција (БИА) денеска соопшти дека категорично ги отфрла сите злонамерни и лажни обвинувања во врска со „незаконски операции“ на БИА – конкретно за наводното постоење на „Ситуациски центар за хибридни закани“, кој наводно „постоел во изминатите две години“ и во кој биле вклучени „голем број припадници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Војската на Србија“ – како што тврдеше Срѓан Миливојевиќ за време на прес-конференцијата одржана од Демократската партија.
„Со целосна одговорност изјавуваме дека единствениот ’Ситуациски центар‘ што функционира во рамките на БИА е посебна организациска единица, формирана уште во 2018 година, во согласност со организациската структура што важела во тоа време. Оваа информација е јавно достапна и е јасно прикажана во презентацијата на организациската шема на БИА“, се наведува во соопштението.
Ситуацискиот центар работи строго во согласност со законот и подзаконските акти; тој не е организациска единица овластена за спроведување теренски операции – а уште помалку за спроведување на „мерките“ што ги спомна Миливојевиќ.
„Злонамерните тврдења што тој ги изнесе во таа прилика немаат никаква основа во реалноста. Тие се резултат на смислен обид за ширење дезинформации со намера да се наруши угледот на Агенцијата и на сите нејзини припадници, како и на други институции и поединци кои се цел на овие лажни обвинувања“, нагласуваат од БИА. Со цел да го заштити својот интегритет и да го почитува законот, БИА ќе се обрати до надлежните органи во врска со сите неточни, злонамерни и тенденциозни наводи изнесени од Миливојевиќ – исто како што постапила и во сите претходни случаи во тековниот период.
Никакви медиумски кампањи, хибридни напади или организирани притисоци нема да ја поколебаат решеноста на Агенцијата доследно да го штити уставниот поредок, владеењето на правото и безбедноста на сите граѓани на Србија, служејќи исклучиво на државните интереси, се заклучува во соопштението на БИА.
Сепак во српската јавност и медиумите владее став дека тајната служба е инволвирана во сите политички процеси, работи по старите методи на следење и директна инволвираност во политчкиот живот во интерес на бизнисот и политика и сменететат власт во Србија

