Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, денеска 24.11, во 12:30ч,во Кинотеката на Македонија,ќе го промовира Дигиталниот архив – нова платформа преку која богатото фолклорно и етнолошко наследство станува достапно во дигитална форма.
Архивот опфаќа содржини од повеќе области: фолклористика, етнологија, традиционални уметности и архитектура, етномузикологија и етнокореологија, како и фолклорот и етнологијата на заедниците во Македонија.

