По повод 25 години СОС Детско село, Театар Куманово се приклучува на хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“ и затоа на 26.11.2026 четврток, во 18ч, на мала сцена на НУЦК, ќе ја одигра претставата за деца „Црвенкапа“. Сите средства собрани од изведбата ќе бидат донирани за децата и младите за кои се грижи СОС Детско село.
Добро познатата приказна за девојчето со црвена наметка кое оди во шумата да ја посети баба си, но овојпат раскажана на еден поинаков начин – преку учење и патување во светот на театарот и приказните е во режија на Бојана Краљевска Стојков, а во улогите се појавуваат Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски и Анастасија Трајковиќ.
Сценографија ја изработи Крсто Богојевски, драмaтизација е на Сашо Костовски, музиката на Јован Цветковиќ, а костимографија на Кети Пауновска Стевковска.
Секоја купена карта значи поддршка за децата и младите, продажба на билети на билетара во Центар за култура Куманово, а претставите се играат во привремениот простор (мала сцена) на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

