Полицијата поднесе кривична пријава против 67-годишен кавадарчанец, сопственик на Друштвото за градежништво и трговија, кој како надзорен орган, потпишал технички извештај за хотелски објект иако знаел дека тој е изграден спротивно на издаденото одобрение.
Кривичната пријава е поднесена за „злоупотреба на службената положба и овластување“ против 67-годишниот Ѓ.Ч. и неговата фирма – Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци.
Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“. Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс, посочува МВР во дневниот билтен.

