Со ислушување на сведоци во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да продолжи надзорната расправа за случувањата во Алта банка Битола.
Продолжението на надзорната расправа е закажано во 11 часот во салата „Борис Трајковски“.
Претседателката на Комисијата Сања Лукаревска вчера на прес-конференција во Собранието рече дека повиканите сведоци не го потврдиле своето присуство, а дел од нив по втор пат најавиле дека се на службено патување.
Од владејачкото мнозинство вината за тоа ја гледаат во организаторите. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека тие како сведоци побарале да бидат присутни Трифун Костовски и поранепната министерка за финансии Нина Ангеловска.
Дел од медиумите повикувајќи се на извори од Кабинетот на претседателката објавија дека претседателката ќе присуствува на утрешната надзорна расправа.

