Во организација на Здружение на граѓани Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби денеска ќе се одржи конференција „Социјалните услуги во РС Македонија – досегашни бенефити, развој и можности за унапредување“.
Конференцијата ќе обедини домашни и меѓународни експерти, институции и организации, со цел размена на искуства, отворање актуелни прашања и дефинирање насоки за унапредување на системот на социјални услуги, инклузијата и поддршката на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани.
Организаторите најавуваат дека на конференцијата ќе се обрати министерот за социјална политика демографија и млади на Република Македонија, Ѓоко Велковски.
Во рамките на настанот ќе се реализира и паралелна работилница посветена на подобрување на условите за работа, стручните компетенции и поддршката на негувателите.

